Согласен сум да бидам дел од кампањата „Суппорт Кочани“ со тоа што:
Ви укажуваме дека при објавување на доказ за извршена уплата на трансакциска сметка на имателот на сметката да не откривате лични податоци: Име, презиме, ЕМБГ и доколку испраќате фотографија од вашата уплата секаде каде што е содржан ваш личен податок или од лицето на кое се однесува документот, истите да ги прикриете. Во случај да доставите документ на кого ќе бидат видливи лични податоци истиот од наша страна нема да биде обработен туку веднаш ќе биде избришан, а уплатата нема да биде евидентирана.
Појаснување: „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет; Напомена: „Суппорт Кочани“ не врши обработка, собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на лични податоци. Трансакциските сметки и нивните иматели како и својството на имателите и нивната поврзаност со повредените и жртвите, како и изврешените уплати од страна на налогодавачите не подлежни на проверка туку истите се објавени и се сметаат за лична активност на нивните иматели кои во случај на злоупотреба ќе сносат лична одговорност за тоа. Имателите на трансакциски сметки кои се објавени на веб страната „supportkocani.com“ се извршени дирекно од имателите без „Суппорт Кочани“ да врши проверка дали истите се вистинити. Доколку некој забележи било каква злоупотреба го повикуваме истата да ја пријави со цел да бидат превземени законски мерки. На веб страната на кампањата „Суппорт Кочани“ се објавени трансакциски и девизни сметки од физички лица на роднини на повредените, повредените, роднини на покојните од несреќата. „Суппорт Кочани“ нема обврска да го применува Законот за заштита на лични податоци каде во член 4 е предвидено „Одредбите на овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица исклучиво заради лични активности“. Доколку постои сомневање во било која од дадените трансакциски сметки ве замолуваме тоа да го пријавите веднаш овде:
https://instagram.com/supportkocani