Листа од сите хуманитарни настани и иницијативи кои ќе ги донираат средствата за повредените и настраданите лица од несреќата.
Иницијативата „Суппорт Кочани“ не располага, не управува, ниту врши надзор врз финансиските средства кои се уплатуваат директно на објавените трансакциски сметки на повредените лица или на семејствата на загинатите. Објавувањето на наведените сметки е направено исклучиво со информативна цел, со цел да се овозможи поддршка на засегнатите лица. Уплатите кои се вршат на тие сметки се во целосна надлежност и одговорност на сопствениците на сметките, и иницијативата „Support Kocani“ не сноси никаква одговорност во однос на приемот, користењето или распределбата на истите. Ви благодариме за вашата поддршка, хуманост и доверба.