Global Azure претставува глобална иницијатива поддржана од Microsoft и обединува експерти, професионалци и ентузијасти ширум светот.
Настанот во Скопје е организиран од македонската .NET заедница и оваа година ќе биде целосно од хуманитарен карактер.
Сите средства ќе бидат транспарентно донирани на семејствата засегнати од пожарот во Кочани.
Со оваа одлука сакаме да покажеме солидарност и подготвеност да се вклучиме во поддршката и помошта на сите оние на кои сега тоа им е најпотребно.
Ве замолуваме за минимална симболична донација од 630 денари во чест на 63 прерано згаснати животи.
Повеќе инфрормации за настанот: https://glazuremk.github.io/public-website/